(Видео)Епископ го спореди Рамуш Харадинај со Исус

0
165

Косовскиот епископ, монсињор Дод Ѓерѓи, по осветување на нова црква во Пеќ, Косово, го споредил косовскиот премиер, Рамуш Харадинај со Исус Христос.

– Како правдата е неправедна, е докажано од страна на премиерот. Но, колку е правото подобро од правдата, докажа Христос – рече косовскиот епископ, Дод Ѓерѓи, јавува Косовапрес.

Тој изјавил дека албанскиот народ има да му даде многу на Господа, како што рекол 300 години заробеништво под Римската империја, 500 години заробеништво под Отоманската империја и 100 години ропство под југословенското кралство.

Во видеото од говорот на епископот кое го објавува Косовапрес, се гледа дека присутен во црквата бил и Рамуш Хардинај.

https://youtu.be/O8OI6JVOcqE?t=3