ВИДЕО: Заев несакајќи фатен од комичарите како договара мито од 100 илјади евра за Вартоломеј

0
187

 

Покрај лажниот разговор на премиерот Заев со шефот на НАТО Јенс Столтенберг, руските пpaнkepи Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) објавија снимка и од телефонски разговор во која Заев мисли дека разговара и со пopaнeшниот претседател на Украина Петро Порошенко.

Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.

Скандалозниот дел може да се слушне во 46 минута, каде Заев во крајниот разговор договара мито за Вартоломеј. Лажниот Порошенко кој му се јавува му вика на Заев “јас го решив проблемот со украинската црква, ама му дадов донација на Вартоломеј од 100 илјади евра и тоа кеш”.

На ова, Заев вика да да тоа е многу нормално, дека тоа не е проблем за нас, односно “во ред е ќе го направиме тоа во кеш”.

„Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на статус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј.

„Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден ycлoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 100 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ.

На ова Заев според објавеното видео вели дека тие пари не се проблем

Извор Курир