Владата ја усвои информацијата за чествување на заеднички личности од историјата

0
157

 

Македонија и Бугарија заеднички ќе ги чествуваат Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, објави Сител. Ова се заклучоците од досегашната работа на бугарско македонската комисија за историскии образовни прашања, кои поминаа и на владина седница.

Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува.

Неразрешено остануваат сензитивните теми како што се Илинденското востание и Гоце Делчев, кои предизвикаа и политички турбуленции меѓу двете земји, и покрај потпишаниот договор за добрососедство. Владата и препрача на експертската комисија до крајот на годинава да се најде решение и за овие историски теми. Истиот рок се остава и за усогласување на наставниот материјал во бугарските учебници за 6 одделение и 7 одделение во нашиот обрзовен ситем. Воедно се прифаќаат и заедничките забелешки за учебниците за петто одделение во Република Бугарија и за шесто одделение во Македонија (Праисторија и Античка историја).