ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Повеќе се снаоѓате во криминалот отколку во историјата

0
160

ВМРО-ДПМНЕ му порача на премиерот Зоран Заев да си го гледа рекетот и да не се занимава со историја.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека местото на премиерот е со Боки, Кики, Рашковски, Дудуш иостанатите членови на октоподот.

– Гледајте си рекетот. Повеќе се снаоѓате во криминалот отколку во историјата. Вам ви е местото со Боки, Кики, Фрики, Рашковски, Дудуш и останатите членови на октоподот што го формиравте. Вие сте срам за Македонија. Колку порано заминете, толку подобро и за државата и за народот. Залудно објаснувате колку бавно и тешко ги разбирате работите. Залудно се правдате и дообјаснувате. Тоа е ваш проблем и што побргу треба да престане да биде проблем на Македонија. Веќе не ви поминуваат извинувањата до небо или од дното на душата. Вие сте штетник и го пробивате дното секогаш кога граѓаните мислат дека не може да паднете подолу. Спакувајте се и одете си. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.