Девојка избодела момче во кафеана во Неготино гостиварско

0
207

Денеска полицијата од Гостивар од страна на дежурен лекар била известена дека во Ургентниот центар во градот со повреди од остар предмет бил донесен Ш.Ј.(42).

Во започнатата истрага е утврдено дека тој бил повреден од страна на Р.Н. во угостителски објект во село Неготино. Р.Н. била приведена и задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку вчера при семејна расправија, Ф.Р.(56) од село Желино со остар предмет му нанел убодна рана на неговиот син Р.Р.(23). Според пријавеното, додека Р.Р. бил во друштво со Ф.А.(19) од село Боговиње во своето возило, дошол Ф.Р. со нивен роднина Е.Р.(31) од село Желино и физички ги нападнале. Според пријавеното, во еден момент Ф.Р. го удрил Р.Р. по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. Р.Р. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.