Доктор отишол на посета на пациент, го пронашол починат

0
209

 

На 12.07.2019 година во 06,05 часот во Штип , доктор од Итна медицинска помош кој отишол во посета на пациентот П.Т. (51), го пронашол починат. Увид на лице место извршила Увидна екипа од СВР Штип. Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција, во Институтот за судска медицина во Скопје.