Еко Герила бара од Владата да и ги одземе ингеренциите на градоначалничката на Тетово Теута Арифи

0
201

 

Поради непреземањето на мерки против узурпацијата на јавните површини сообраќајниот хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад во повеќето делови од градот, недостаток на вода за пиење во многу населби, недостаток на јавен превоз, недостаток на паркинг или катни гаражи од Еко Герила бараат владата да и ги одземе ингеренциите на Теуат Арифи. Ви го пренесеуваме во целост соопштените на ЕКО ГЕРИЛА

 

-Градот Тетово е претворен во урбана пропаст, каде што преовладува сообраќајниот хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад воповеќето делови од градот, недостаток на вода за пиење во многу населби, недостаток на јавен превоз, недостаток на паркинг или катни гаражи.

Од друга страна, релевантните институции и инспекторати,заедно со сообраќајната полиција, доживеа тотален неуспех да воспостават реди закон, да го спречат загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и ослободувањето на јавните простори да бидат узурпирани пред нашите очи. На градот секој ден му се намалуваат и оние малку зелени површини што му останаа. Последниот пример, како што можете да видите во видеото, е уништувањето и узурпацијата на зелените јавни површиниво центарот на градот, подолжина на улицатаБорис Кидрич. Додека парковите и зелените јавни површиниво сопственост на сите граѓани, се бетонираат , општината молчи и не презема ништо за да го спречи тоа.

Градот Тетово во моментов се чувствува како куќа без домаќин, градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи и во својот втор мандат не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски да има чиста животна средина и функционален град. Фискалната транспарентност и одговорност како законска обврска кон граѓаните не беа испочитувани од страна на Општина Тетово.

Со оглед на фактот дека за време на предизборната кампања во 2017 година, вие од позиција на премиерот дадовте отворена поддршка и ги замоливте граѓаните да гласаат заАрифи, ве молиме да ги одземете ингеренциите на општина Тетово за кои истата не успеа целосно да управуваи да се справува. Јавното обвинителство треба да ги испита сите случаи на можна злоупотреба на службената должност.

Еден од клучните услови за отворање преговори со ЕУ се реформите во правосутдство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и владеењето на правото.

Ние цениме и веруваме дека за овие неуспеси, вие како Претседател на Владата на РСМ треба дасносите одговорност и да интервениратеза ситуацијата што побрзо да се врати во нормала и во Тетово да се воспостави владеењето на правото, соопштија од Еко Герила