Заев – Ако нема датум ќе разговараме со опозицијата за предвремени избори

0
191

 

Премиерот Зоран Заев е 100 % сигурен дека земјава ќе добие датум во октомври за почеток на пристапните преговори со ЕУ, како награда меѓу останатото за потпишувањето на Преспанскиот договор. Ако нема датум подготвен сум да разговарам со опозицијата за предвремени избори.

-Јас верувам сто отсто дека во октомври ќе добиеме датум за преговори. Во политиката ова е реткост но за да го исполниме тоа зарем не е добро да дадеме плус аргумент на одлучувачите дека иако е лето, иако се одлучува по Ивештајот што е завршен, да дадеме аргумент дека државата ова што го прави не го прави само за ЕУ, туку влегува чесно и искрено за народот, за државата да го решиме и ова прашање. Јас верувам дека законот за јавно обвинтиелство не ни е пречка за добивање на датумот. Но јас сум Зоран Заев, имам информации толку колку што имам, претседател на Влада сум. Може нешто и да не знам. Ако тоа е нешто поврзано со тоа што ние дома го работиме дајте да го завршиме, да го отстраниме како пречка. На крајот на оваа работа гледам како на обврска пред граѓаните, истакна Заев на новинарско прашање на денешната прес-конференција што ја одржа во Владата.