Заев го отвори автопатот Миладиновци – Штип и упати благодарност до Кина

0
173

Денеска свечено беше пуштен во употреба автопатот од Миладиновци до Штип. Иако по овој пат се вози веќе еден месец, делегација од Владата на чело со премиерот Зоран Заев, присуствуаа на свечената церемонија по повод отворањето на автопатот

„Граѓаните добија модерно автопатско поврзување и побрзо стигнување до посакуваните дестинации во источниот дел од Македонија. Се скратува времето на возење до 25 минути помеѓу многу градови од овој регион. Ако претходно патувале еден час, сега патуваат за помалку од 30 минути по максимално безбеден пат. Оваа нова врска е исклучително важна за рамномерниот регионален економски раст што е важен предуслов за инвеститорите и мултиплицирање на нивниот капитал“, истакна на свечноста Заев.

Тој додаде дека долж автопатот ќе бидат насадени и 600 илјади садници багрем.