Заев на средба со преставници на синдикатот

0
207

 

Премиерот Заев по остварувањето на денешната средба со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија и претставници на синдикатите, членки на ССМ, предводена од претседателот Дарко Димовски, истакнал дека Владата на Северна Македонија останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог

-Премиерот Заев истакна дека Владата на Северна Македонија останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, давајќи значаен придонес за унапредување на правата на работниците во соработка и партнерски однос со синдикатите и работодавачите. Во рамките на состанокот се отвори дебата за состојбите со кои се соочуваат синдикатите и беше истакната поддршката на државата за Општите колективни договори за стопанството. Се разговараше за потребата од исплата на регрес за годишен одмор и за јавната администрација, како и за покачување на платите на работниците, .Позитивно беше оценет напорот на ССМ да се вклучи во процесот, со свои сугестии за прашањата од сферата на трудот и од нивна страна беше поздравено претходното зголемување на платите на вработените во здравството и културата, се наведува во соопштението на владината пресс служба