Заев очекува влез во НАТО во декември

0
200

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека нашата земја ќе се приклучи на НАТО на самитот во Лондон во декември на кој ќе се одбележи 70 годишнината на Алијансата.

Заев потсети дека досега дваесетина земји членки на НАТО го ратификуваа пристапниот Протоколот, информирајќи дека во уште неколку држави во тек е процедурата за ратификација.

„Интеграцијата во НАТО ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот како на нашата земја, така и на поширокиот регион“, рече Заев на денешната презентацијата на „Дигитализација на системот за менаџирање на кризи“ во организација на Центарот за управување со кризи и НАТО.