Заев – Се постапува со дивоградбите и во Охрид и на Матка

0
154

Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината, рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања. Тој додаде дека се постапува и по однос на дивоградбите на Матка.

Решението е издадено, следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ако не постапи Општината, ќе постапи државата. Тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава кои треба да се почитуваат, рече премиерот Заев.