Каракачанов: Имаме еден услов- да запре фалсификувањето на бугарска историја

0
201

 

Бугарија секогаш ја поддржувала Македонија,  вели во ексклузивното интервју за Канал 5, вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Тој додава дека Бугарија има еден услов-  да запре фалсификувањето на бугарска историја и дека компромис со фактите во историјата не треба да се прави.

Каракачанов додава дека изјавата на претседателот Пендаровски за Гоце Делчев е многу точна. Бугарскиот вицепремиер во интервјуто најави дека уште во септември за Македонија може да има добри вести.

Ексклузивното интервју со Каракачанов го направи Гоце Михајловски.