Име Вести Македонија Котлар-Трајкова: Заев да се извини што обвини дека крадеме историја

Котлар-Трајкова: Заев да се извини што обвини дека крадеме историја

0
137

Историчари бараат премиерот да се извини заради самоуверените изјави за грчка телевизија дека како држава сме ја искривиле сопствената историја со тоа што сме преземале истории од соседството претставувајќи ги како наши. Историчарката Котлар смета дека ова е директен удар врз македонската наука во рамките на која, покрај врвните научни имиња на историчари дури и странски научници ги докажале и претставиле фактите на оригиналноста на македонската историја.
-Барам јавно извинување од страна на претставниците на извршната власт за она што е како формулација крадење на туѓа историја. Ние Македонците и македонскиот народ сме се вградиле во сите вертикали на историското постоење и акти, и како такви бараме јавно извинување и почитување на нашата историја, вели Наташа Котлар Трајкова.
Заев ова го зборува во интервју пред да се случат грчките избори. Нагласува оти тоа што сме си дозволиле да се мешаме во историите на соседните земји сме си направиле децениски непријатели меѓу најблиските држави со кои граничиме.
-Со обидот да се промени и извитопери целата наша историја со преземањето на светска, балканска и туѓа историја, како наша на пример, без водење на грижа како тоа влијае на соседите, се предизвика состојба да буквално буквално бидеме скарани скоро со сите соседи со кои што сме опкружени но истовремено ги затворивме и сите процеси на нашата интеграција во ЕУ и НАТО, рече Заев во интервју за грчка „Алфа“ три дена пред изборите во Грција.
-Убаво е да се прочитаат нештата кои се изработени во македонската историја и историографијата за да може да имаме еден соодветен став и цврст израз. Да го прочитаат Мисирков кој велки македонскиот народ е оној кој учествувал и во преродбата и во градењето на државите на соседните земји, вели Котлар _ Трајкова. 

Котлар констатира оти ваквите позиции на премиерот, односно извршната власт, не нудат безбедност , заштита и поддршка за македонската историска наука во било која смисла во овие комплицирани времиња во кои државата егзистира.
-Имам и прашање кон оние кои денеска ја претставуваат извршната власт. Чии претставници се тие, дали на македонската држава и македонскиот народ, бидејќи македонскиот народ врз основа на своите изјаснувања за самоопределување и суверено право во АСНОМ создаде држава, а таа држава создаде своја наука од 75 години.Тоа е продукција на луѓе со огромни знаења и огромен искуствен капацитет и не се сите Македонци да не заглавиме во некаква мистификација на маекдонството, вели Котлар.
Во истото интервју Заев себе си се претставува како човек кој ќе бил запаметен по промената на името. Што, пак според него ни донело стратешки партнер и голем пријател во јужниот сосед. Како илустрација тука, премиерот го споменува порастот на македонски туристи на грчкото крајбрежје посочувајќи се себе си како редовен гостин на Халкидики.

Извор Алфа