Михајловски: Кај Заев не постои доблест за да поднесе одговорност

0
157

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски во неговото гостување во емисијата „Отворено“ на Алфа Телевизија изјави дека Зоран Заев не поднесува одговорност затоа што кај него не постои доблест дури и не сака да ги казни тие околу него кои дозволиле тој да комуницира со лажни претседатели и генерален секретар на НАТО.

-Не треба да си многу умен за да сфатиш дека никој не може да го држи на втора линија секретарот на НАТО, Столтенберг па да ти го даде кога ти ќе посакаш да си направиш муабет со него. Тие луѓе кои се околу него кои треба да се филтер и треба да го заштитат од вакви испади, тие луѓе не поднесуваат одговорност. Кај нив одговорноста не постои, тие се совршени тие се тие кои мислат дека треба да ја извршат задачата што ни кажува дека се дојдени со одредена задача не се битни квалитетни луѓе туку со негативна селекција кои ќе завршат без да прашуваат што и како, потенцираше Михајловски.

Посочи дека Зоран Заев треба да си поднесе оставка, не само заради издавање на државни тајни и што дозволи ваков пропуст, туку и заради тоа што кога се зборува за инвестиција за фабрика тој вели- баталете државни интереси и инвестиции, ние приватно ќе направиме.

-Ако не друго, треба да си даде оставка премиерот, тој ги стави на второ место и државата и државните интереси со понудата за чоколадо, кога му понудија инвестиција, тој рече може и на приватна основа, значи батали држава и инвестиции и рече сам ќе си учествува. Факт е дека Заев е мултимилионер, и најверојатно е дека е ненаситен и покрај тие милиони што ги поседува од циглана до марихуана и ред други фабрики, тој се лакоми за уште една фабрика за чоколада, вели Михајловски.

Тој нагласи и дека од снимката може да се забележи дека Заев се однесува доста сервилно, доста ропски, безидејно, фасциниран е од тоа што го има бројот на „претседателот“ Порошенко и што може да направи муабет со Јенс Столтенберг.