Мицкоски: Со предлог законот на Заев за обвинителство и се осигурува место на компромитираната Катица и останатите обвинители во новиот сектор на обвинителството

0
185

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Сител телевизија изјави дека со предлог законот на Заев и владата за обвинителството и се осигурува место на компромитираната Катица Јанева и останатите обвинители  во новиот сектор на обвинителството.

Мицкоски посочи дека целата јавност виде дека Катица Јанева е  инволвирана, а за тоа има и изјави од обвинителката која што го работи случајот Рекет, и наместо Јанева да одговара бидејќи постои основано сомневање за сторен криминал таа добива унапредување републичкото јавно обвинителство.

– Катица Јанева даде оставка од позицијата специјален јавен обвинител, но со овој закон е предвидено таа да се префрли во републичкото јавно обвинителство, а останатите обвинители кои што и помагаат на Катица Јанева  без разлика дали и тие кои индиректно учествувале во процесот рекет треба да бидат превземени во рамките на новото обвинителство за организиран криминал и корупција, вели Мицкоски.

Тој истакна дека погрешно е што при фузијата на капацитетите и ресурсите од СЈО со капацитетите и ресурсите на обвинителството за организиран криминал и корупција во новото обвинителство да се пренесуваат комплетно целокупните човечки, но и процеси на СЈО.

-Владата вели дека бескомпромисно ќе се бори против криминалот, организираниот криминал и корупцијата во државата. Но тоа во законот не е така, потенцираше Мицкоски.