Нервоза и напнатост на судењето за нелегалното прислушување

0
189

 

Судењето за нелегалното децениско прислушување внесе нервоза во судница. Рочиштето за „Таргет – Тврдина“ на моменти течеше тензично. Обвинетиот Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК и еден од најмоќните личности во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, го испрашуваше сведокот предложен од СЈО, Сашо Трајковски. Мијалков поставуваше прашања, но беше не задоволен од одговорите на сведокот.

Дел од прашањата судот не му ги дозволи, но судиите Џанета Бектовиќ и Владимир Туфегџиќ сепак му даваа втора шанса и му помагаа на Мијалков за да ги преформулира прашањата.

„Која е логиката да се слушам сам себе“, запраша Мијалков.

Иако Мијалков праша, судот не дозволи сведокот да одговори. Тој им посочи на судиите дека е добро јавноста да слушне дали има логика сам себе си да се прислушува, но и најблиските. Беше нервозен и го праша судот дали смее да се брани:

„Кажете, ако не, да не се браниме, донесете пресуда и готово“, рече Мијалков.

Мијалков го интересираше зошто сведокот лично не му пријавил дека незаконски се снима во УБК и дали знаел дека Звонко Костовски, кој го откри скандалот, вади од тајната полиција снимени разговори. Трајковски одговори:

„Сум можел, ама не видов дека се вадат разговори од УБК“, рече тој.

Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешните тајни агенти Горан Грујевски и Никола Бошковски кои избегаа во Грција и уште осум лица. Според СЈО, од 2008 – ма до 2015 – та година незаконски биле следено над пет илјади броеви, а прислушувани над 20 илјади граѓани без наредба од судот

Извор Алсат