Нова дива депонија во Тетово (Фото галерија)

0
262

 

Повеќе од една неделата тетовскиот комунален смет се претовара на една оградена локација во близина на тетовско Фалише. Но таму наместо по стандарди сметот се претовара на земја, создавајќи на ова место нова дива депонија.

Стопанственици на фирми и приватни домови лоцирани во близина на новата претоварна станица револтирани го блокираат патот и половина час не дозволија да поминат камионите на ЈКП Тетово кои сакаат да го транспорираат сметот до станицата

Освен на оваа локација сметот се претовара и на станицата кај тетовски Требош, каде се појавуваат чести дефекти и отпадот завршува на земја

Од Општина Тетово не ни дадоа одговор зошто решиле комуналниот смет да го претовараат на две локации.

Од ЈКП Тетово пак со кус коментар.

-Новата станица за претовар во иднина ќе работи според сите стандарди, и од неа нема да се шири непријатна миризна ниту пак сметот ќе се раслфрла во околината, соопштија од ЈКП Тетово