Нов граничен премин на Македонско – косовска граница кој ќе биде отворен еден месец

0
297

 

Граничниот премин Стрезимир Растелица на Македонско – косовската граница од утре 20.07.2019 (сабота) до 20.08.2019 ќе биде пуштен во употреба за граѓаните од двете земји, информираат од Општина Маврово Ростуше.
-Од утре па се до 20.08.2019 година секој ден од 08:00 до 22:00 часот ќе биде отворен овој граничен премин кој ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете држави како и за меѓусебното поврзување на жителите од Општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен.
Голема благодарност до сите кои дадоа свој допринос за отворање на овој граничен премин, за кој имаме голема надеж дека во иднина ќе биде функционален преку цела година.
Преку овој премин ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или ЛК и Зелен Картон за автомобил), информираат од Општина Маврово – Ростуше