Охридското езеро се труе со фекалии, поради загадениот колекторски систем

0
156

Од ЈП Проаква потврдија дека нефункционалниот колектор и несоодветната канализациона мрежа се причина за загадувањето на водите од Охридското Езеро околу реката Грашница во населбата Воска.

Во оваа населба неодамна беа поставени табли за забрана за капење, Според јавното претпријатие нивни екипи изминатиот викенд работеле на отстранување на проблемот, но за целосна санација потребен е поголем зафат.

Владата најави дека колекторскиот систем со кој во моментов стопанисуваат општините Охрид и Струга на есен ќе премине во државни раце, а со ребаланс на буџетот ќе бидат обезбедени потребните средства за негово целосно санирање.