(Видео)Пеколот во Шибеник траеше цела ноќ: Погледнете против кого се бореа пожарникарите, куќите едвај спасени

0
151

 

Пожарот кај Шибеник и натаму е активен, но запрено е неговото напредување во подрачјето на Билица кое беше најзагрозено и ситуацијата е многу подобра од ноќеска, рече рано утрово жупанискиот командант на противпожарната единица Дамир Дукиќ.

Во пожарот кој изби вчера повредени се четворица од ангажираните 230 пожарникари. За гаснењето се ангажирани и два канадери.

„Запрено е напредувањето на пределот Билица. Сега работиме на краците од пожарот кои одат кон населбата Дубрава и Јураси и во тој дел, но во овој момент ништо не е толку загрозено – ниту еден станбен објект“, рече Дукиќ.

Дукиќ појасни дека при борбата со огнената стихија не се правела класична евакуација, туку полицијата била со луѓето покрај куќите додека пожарникарите ги бранеле станбените објекти.

„Ситуацијата е многу подобра од синоќа. Нема повеќе онакво напредување на пожарот какво што беше во текот на целата ноќ, зошто дуваше орканско југо. Сега многу малку ослабна ветерот, но и тоа е поволно. Ќе видиме како ќе се развива сега“, рече Дукиќ.

Предупреди дека просторот е многу голем, а во прашање е преголема борова шума која тешко се предвидува. „Тука има ридови, тука има и високи борови… така што едноставно мора да бидеме внимателни“, рече тој.

Додаде дека автопатот е отворен за сообраќај, откако неколку часа поради пожарот беше затворен меѓу Пировац и Врпоље.

Извор Сител