Полицијата го барала дома Миле Јанакиевски, a тој е во притвор во Шутка

0
153

За денешното судско рочиште „Шамари во Центар“ во кое требаше да учествува и Миле Јанакиевски, судот издал наредба тој да биде доведен на судење од неговиот дом, каде до пред неколку дена беше во домашен притвор.

Но, Јанакиески во моментов е во притвор во Шутка. Па така денешниот обид на полицијата од неговиот дом да го донесе на суд бил несупешен.

Јанакиески е осомничен во последниот случај што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција, а во врска со продажба на државно земјиште за изградба на луксузни хотели.