Попова Шапка се уште чека на Физибилити студијата

0
148

 

Длабинската финансиска анализа и физибилити студијата со модел на приватно-јавно партнерство, како и предлог модел за продажба за Попова Шапка, сè уште не се доставени од страна на компанијата „Прајсвотерхаус Куперс“ (Pricewaterhouse Coopers) до „ЕЛЕМ турс“.

„Анализите не се доставени бидејќи се уште течат законските рокови за подготовка на Анализата, согласно потпишаниот договор меѓу „ЕЛЕМ турс“ и „PWC“. Длабинската анализа (Due Diligence) подразбира и опфаќа длабинска анализа за претходните три години од 2016 до 2018 година) за финансиската, правната и даночната состојба на Подружница „Попова Шапка” – Тетово во чии рамки е ски – центарот „Попова Шапка”, како и хотелите  „Славија” и „Попова Шапка““, одговорија од „ЕЛЕМ турс“ за „Порталб.мк“.