Починал откако паднал од објект во Струга на висина од 8, 5 метри

0
162

Четириесетиосумгодишен работник од Скопје вчера паднал од покрив на објект во Струга, од околу 8,5 метри висина и починал на лице место, соопшти МВР.

Инцидентот вчера бил пријавен во Струга. Објектот бил во сопственост на приватна фирма, што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот пат Струга – Ќафасан.