Рускоска за Сител: Ги проверуваме мобилните апликации на Јанева, вториот мобилен и бил изгубен во Белград

0
168

Во интервјуто за Сител  јавниот обвинител Вилма Рускоска која вчера од премиерот Зоран Заев беше предложена за раководител на ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, во врска со случајот „Рекет“ истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ. Таа нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“.  Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека веќе има 25 години стаж во обвинителството и дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.