Србија побара есктрадиција на Морина, одбраната во Скопје бара наместо притвор, тој да се брани од слобода

0
166

Министерството за правда на Србија до македонските власти поднесе барање за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, баран преку Интерпол, пренесува „Танјуг“. Тој минатата недела е уапсен на граничниот премин Блаце од страна на македонската полиција. Српските власти го бараат поради сомнеж дека сторил воени злосторства против цивилно население на Косово.

Во меѓувреме, адвокатот на Морина, Насер Рауфи, за алсат брифираше дека жалбата со која се бараше ослободување на притворениот Морина е одбиена во петокот и оти веќе е поднесено барање мерката притвор да биде заменета со други мерки на претпазливост, односно да се овозможи Томор Морина да се брани од слобода.