Татко го расекол сопствениот син

0
165

 

Синоќа при семејна расправија, Ф.Р.(56) од село Желино со остар предмет му нанел убодна рана на неговиот син Р.Р.(23). Според пријавеното, додека Р.Р. бил во друштво со Ф.А.(19) од село Боговиње во своето возило, дошол Ф.Р. со нивен роднина Е.Р.(31) од село Желино и физички ги нападнале. Според пријавеното, во еден момент Ф.Р. го удрил Р.Р. по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. Р.Р. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицискиот билтен регистрираше и напад од куче скитник

На 01.07.2019 година во 00.10 часoт во Полициската станица Тетово, 48-годишната Д.В. од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 22.30 часот на улица „Истра“ во Тетово била касната од куче во пределот на левата нога, сопственост на лицето М.Н., кој живее на улицата. Се работи на расчистување на случајот.