Тригодишно дете преживеа пад од шести кат на зграда во Кина , откако случајни минувачи го дочекаа во кебе.

0
193

Тригодишно дете преживеа пад од шести кат на зграда во Кина , откако случајни минувачи го дочекаа во кебе.

На видеоснимката се гледа како детето виси од работ на шестиот кат на зградата и како се лизна кога се обиде да се врати.Инцидентот со среќен крај се случи во градот Чонкинг, на југозапад на земјата. Луѓето кои биле под зградата и го здогледале детето , почнале да викаат , за веднаш да дотрчаат со кебе.

“Погледнав нагоре и видов мало дете како виси од балконот. Првото нешто што го помислив е да најдам нешто за да го грабнам. Мислев дека дури и да одам горе и ќе го грабнам со голи раце, нема да стигнам”, рече Ју Јанхуи, вработен во компанија за управување со имот.

Група луѓе стоеле во круг со кебето и успеале да го фатат детето кога паѓал