/Фото галерија / Јавниот простор во Тетово се користи и како магацин за стари возила

0
203

Движењето „Мајка и дете“ започна кампања во која, преку објавување слики на стари возила, кои со години го узурпираат јавниот простор, изразуваат револт против општината.

Узурпацијата на јавниот простор со разни возила го крши законот за комунални дејности, но засега општината за ова прекршување на законот не презема мерки.

Фотографиите се објавуваат не само за да се подигне свеста на граѓаните, туку пред сè, таа на институциите.Тетово има депонии од различни видови, и нивното расчистување треба да започне од некаде. И старите возила се депонии за себе, бидејќи тие не само што му даваат на градот грда слика, туку и ја загадуваат животната средина. Далеку сме од европско Тетово, кое што го очекувавме“, велат од „Мајка и дете“.