ЈАНЕВА, ДЕНЕСКА СЕ ПОЈАВИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА СЈО

0
204

Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО.

Голем број новинарски екипи се пред влезот на Специјалното обвинителство во очекување да добија одговор од Јанева на многу отворени прашања по отворањето на случајот „Рекет“ од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Во меѓувреме, од Јавното обвинителство информираа дека е пронајден и другиот телефон на Јанева, кој бил подарен, а не изгубен.

Првиот телефон на Јанева и беше одземен во понеделникот и предаден на вештачење.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за КОД на Телма рече дека имаат снимки од кои сè слуша и гледа дека додека осомничениот Бојан Јовановски разговарал со сведокот бизнисмен, на спикерфон бил и јавен обвинител, без да прецизира за кого станува збор.

Катица Јанева даде оставка на функцијата минатиот понеделник, од кога не е достапна за јавноста. Јанева, како што информираа од СЈО, во вторникот отворила боледување.