Полицијата влезе во фирмите на Нефи Усеини

0
112

Инспектори од Секторот за економски криминал на СВР Охрид вршат проверка во фирми чиј сопственик е охридскиот советник Нефи Усеини, потврдија за  Сител од  министерството за внатрешни работи.

Детали не откриваат но кусо сооптшија дека во координација со ОЈО направени се проверки на прави лица , а во врска со претходно отворени истраги.

Неофицијално проверката се прави во бетонската база која се наоѓа во близина на болницата Свети Еразмо.

Инаку Усеини во изминатиов период е во центарот на вниманието откако нелегално изгради тераса пред неговата пицерија која всушност се наоѓа во заштитениот дел на Охрид.

Иако беше наложено  нејзино уривање одлуката сеуште не е спроведена.

Усеини пак најави дека сама ќе ја руши терасата ако градот Охрид ги сруши сите дивоградби.

Извор Сител