Двете држави го воведоа „one stop shop“ системот кој предвидува помалку контроли, а границата ќе се поминува со едно чекање, каде ќе се спроведува пасошка и царинска контрола.
Почетокот на работата и официјално го одбележаа премиерот Заев и неговата српска колешка Ана Брнабиќ која од денеска е во официјална посета на земјава. Со новиот систем, според Заев покрај патниците, бенефит ќе имаат и економиите на двете држави.
Новиот граничен премин, за српската премиерка Брнабиќ е сигнал за поттикнување на регионалната соработка. Посочи дека на овој начин, не само што се зближуваат граѓаните на двете држави, туку се зголемува и економската соработка.
Во својот говор, Брнабиќ ја критикуваше и одлуката на Приштина за воведувањето такси за српските производи.
-Ова не е важен ден само за Република Србија и за Република Македонија. Ова е потенцијално нов почеток за трговска и економска регионална соработка во западен Балкан. Но за ова да биде вистински почеток, потребна ни е политичка храброст, политичка визија, потребно ни е да гледаме кон иднината“изјави Ана Брнабиќ: Премиерка на Р. Србија.
Минатата година, граничниот премин Табановце-Прешево го поминале над 200 илјади транспортни возила, а очекувањата со воведувањето на новиот систем, тој број да се зголеми за 30 проценти.
„One stop shop“ системот предвидува помалку контроли, царинење и забрзување на протокот на патници, а покрај на овој граничен премин, а најавите се дека истиот систем ќе се спроведе и на неколку гранични премини.
извор Канал 5