Ацо Колевски избран за претседател на Советот на јавни обвинители

0
188

Колевски за себе вели дека има 30 годишно искуство во јавно обвинителската дејност.. Тој ја наследува оваа позиција во време кога Советот донесе одлука за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Колевски, како и претходниот претседател Штерјев, не сакаше да каже кој е неговиот став за избор на в.д. специјален јавен обвинител од страна на Советот при евентуалното разрешување на Катица Јанева.

– Одлуките советот ги носи со мнозинство на гласови, доколку ова прашање се постави во работата на советот јас ќе ја изнесам на седница за да го слушнам мислењето на секој од членовите и заедно да донесеме евентуално некоја одлука.Не би можел да кажам зошто би го прејудицирал мислењето, или одлуката за тоа прашање, изјави Колевски.

Новиот претседател на Советот изјави дека одлуката за иднината на предметите на СЈО треба да произлезе од Собранието, но вели дека се што е во моќ на институцијата која сега тој ја води ќе биде разгледано.

Колевски на јавноста и е познат по тоа што го водеше предметот за хеликоптерската несреќа што се случи кај катлановско Блаце во 2011 во која загинаа единаесет припадници на АРМ. Но, неговото име стоеше и на барањето за заштита на законитоста кое Јавното обвинителство го достави до Врховниот суд со барање за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан кој беше во бегство. Колевски и денеска смета дека во овој случај постапил законски.

– Сите случувања после тоа го оправдуваат поднесувањето на БЗЗ-то со ова вонредно правно средство доколку се употребуваше досега ќе се извршеше некаква контрола врз работата на СЈО, истиите сметам деак немаше даимаат можност да работата без контрола и јавен обвинител да се впушти во некакви дејствија, изјави Колевски.

Од Советот на јавните обвинители велат дека уште вчера го испратиле до Собранието предлогот за разрешување на Јанева, но претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски, вели дека засега предлогот не е пристигнат до него за да свика седница.

извор Канал 5