Биљали тaткото на ранетотo момче : „На свадбата пукаше Џеват Адеми“

0
197

Таткото на момчето кое беше рането со пиштол на свадба во тетовска Мала Речица, пред околу еден месец кога беше повреден и синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, тврди дека инцидентот бил дело лично на високиот партиски функционер. Таткото Јусуф Биљали во изјава за Алсат денеска ги негираше вчерашните тврдења на Адеми кој рече дека воопшто не бил замешан во пукањето. Но, Биљали тврди дека е сосема спротивното и оти видел сè што се случило. Имено, според него, Џеват Адеми пукал заедно со уште едно лице и во едне момент двајцата млади биле ранети.

“Остро ја демантирам невистинатата, неискрена и недостоинствена изјава на пратеникот Џеват Адеми, бидејќи самиот бев присутен на местото на настанот и ја видов целата ситуација со мои очи. Џеват Адеми како пратеник на таа забава, пукаше со пиштол. Првиот пат сам и тоа не еднаш, туку неколку пати. После тоа пукање, дојде негов роднина кој седна до него и по неколку минути и тој пукаше со пиштол неколку пати. После неколку минути, пукаа и двајцата со пиштоли и двајцата со своите пиштоли. Несреќата се случи откако ги вкрстија оружјата, синот на Џеват беше седнат пред Џеват Адеми, а син ми дојде и седна пред мене. Беше свртен вака и гледаше како пукаат. Во еден момент, тие разговараа меѓу себе со пиштолите во раце и пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам на неговиот син. Кога стигнав, бидејќи бев на три чекори далечина, кога стигнав до синот на Џеват Адеми, мојот син ми рече, тато ме отепаа. Ова беше критичниот момент… Случајот е пријавен во надлежните органи од полициски инспектор, дадов изјава, но една недела не беа преземени потребните мерки, не беше повикан домаќинот на свадбата, не е притворен за да ја каже вистината што се случи на свадбата и што направија потоа”, изјави Јусуф Биљали, татко на едно од ранетите момчиња.