Во Србија регистриран прв случај на западнонилска треска

0
154

 

Во Србија лабораториски е потврден прв случај на западнонилска треска, болест која ја пренесуваат комарците. Заболената е жена на возраст од 84 години, со хронични болести, соопшти Институтотз а јавно здравје“Др Милан Јовановиќ -Батут“во Белград.

Минатата година во Србија со западнонилска треска заболеа скоро 400 луѓе.

Во земјите на ЕУ пред две недели се регистрирани првите пациенти заразени со овој вирус, а во последните 5 дена регистрирани се 33 случаи на заболени: 25 во Грција, во Романија 4, во Унгарија 2 случаи и во по еден заболен во Италија и Франција.

Овој период има и 3 смртни случаи кои се доведуваат во врска со оваа болест која ја пренесуваат комарците и тоа 2 во Грција и еден во Италија.