Голем пожар кај угостителскиот комплекс во близина на велешкото езеро

0
167

Центарот за управување со кризи соопшти дека пожар избувнал во близина на с.Отовица. Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна. На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување

Пожарот е во близина на велешкото езеро Младост, каде се наоѓаат ресторани и куќи.