Голем пожар на патот Охрид- Ресен кај Опеница-заседава кризниот штаб

0
126

Во тек е акцијата на охридските пожарникари за гаснење на пожарот кој зафати борова шума кај местото викано „Јасика“, во близина на селата Косел и Опеница, објави порталот ohridnews.

Заседава Кризниот штаб на Охрид која бара решение за справување со огнот кој се шири поради ветерот.

Според официјалните информации, гори нискостеблеста шума на непристапен дел од планината. Во гаснењето се вклучени едно возило и десетмина пожарникари, припадници на Македонски шуми.

Гаснењето е отежано поради непристапниот терен за противпожарните возила.

Поради пожарот кој изби вчера попладне, во текот на ноќта Охрид бил прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.