Заев: Никој нема да биде поштеден, време е правдата да стапи на сцена (видео)

0
131

Премиерот Зоран Заев во своето видео обраќање до јавноста го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да ги поддржи правосудните реформи за конечно да завладее правдата и да и биде поразена „заробената држава“.

„Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека Вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите“, вели тој.

Според него, ова е време во кое правдата стапува на сцена и никој повеќе нема да биде поштеден или привилегиран во борбата против криминалот и корупцијата.

„Го охрабруваме Јавното Обвинителство да продолжи, до последно во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата.Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“, вели премиерот Заев,

Тој во своето видео обраќање до граѓаните побара поширока општетсвена поддршка за заокружување на реформите според него ќе придонесат за подобар живот.