Кој ќе ги поддржи протестите на ВМРО-ДПМНЕ? „Одлуките ги носиме сами“, велат од албанската опозиција

0
159

По изјавите на лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски за протести и блокирање на институциите, ТВ21 ги контактираше албанските опозициски партии за да дознае дали нивните политички субјекти ќе се приклучат кон повикот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Алијаса за Албанците велат дека партијата ќе донесе одлука на автономен начин без влијание од другите политички субјекти и дека влијание ќе имаат само граѓаните, активистите и невладините организации.

И од Беса се оградуваат од учеството на заеднички протест со ВМРО-ДПМНЕ, но не ја исклучуваат можноста за организирање сеалбански протести, со цел да го изразат незадоволството од последните случувања.

Од партијата Алтернатива, пак, велат дека како партија не сакаат да ги коментираат постапките на другите партии туку дека се на ставот дека скандалот со „Рекет“ треба што поскоро да добие судски епилог за да се врати надежта кај граѓаните.

Ставот на СДСМ е дека Мицкоски со таквите изјави за блокада на институциите, подразбира повторување на 27 април и дека со тоа посакува да ја загрози интеграцијата во ЕУ и НАТО. Експертите сметаат дека опозицијата нема моќ да манифестира незадоволство кај граѓаните  поради сето ова што се случува. Во текот на утрешниот ден, специјалната обвинителка Катица Јанева треба да се појави на распит во обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“ кој веќе еден месец ја тресе јавноста, но сè уште нема придвижување за епилог.