Нова трагедија ја стресе Македонија: Двајца малолетници тешко повредени при несреќа во скопско Марино

0
136

Двајца малолетници по полноќ биле тешко повредени во сообраќајка која се случила воселото Марино, скопско.

Десет минути по полноќ на улицата „532“ во селото Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Т.Г. од Скопје и мотоцикл „линбен“ управуван од малолетник, а на кој се превезувал друг малолетник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.