Пожарот во регионалната депонија во гостиварско Русино е ставен под контрола но не е целосно локализиран

0
99
Пожарот во регионалната депонија во гостиварско Русино е ставен под контрола, но не е целосно локализиран. Оган нема, но се уште од местото се појавуваат облаци од чад.
На депонијата дежураат противпожарни екипи и гостиварското комунално прептријатие, со цел да се спречи повторно избувнување на пламените јазици поради топлто време.
Пожарот во гостиварско Русино изби во саботата кога градот беше обвиен во чад.
Градоначалникот Таравари побара помош од централната власт , а еколошките организации преземање на итни мерки за решавање на овој децениски проблем.