Име Магазин Шоу бизнис Рита Ора за концерт во Задар земала 200 илјади евра, а билетите...

Рита Ора за концерт во Задар земала 200 илјади евра, а билетите едвај се продаваат

0
148

Рита за концертот од организаторот побарала 200 илјади евра за еден час пеење, предгрупа ќе и бидат пејачките Франка Бателиќ и Доменика, а целиот спектакл ќе чини 405 илјади евра.

Трошоците за концертот и приходите ќе ги објавиме веднаш по крајот на концертот. Преговараме со спонзори, потпишуваме спонзорски договори, ќе видиме како ќе поминеме со влезниците, откри во Дневникот на Нова ТВ, Денис Карловиќ, директор на спортскиот центар Вишњик.

Но, како што пишува Дневнкик.хр, влезниците и не поминуваат најдобро.

Само влезниците сигурно нема да ги покријат трошоците за концертот. Ваков концерт, вакви ѕвезди не може да се случат без огромна поддршка како од градот Задар така и од Туристичката заедница, објаснува Карловиќ.

Сепак, од градот Задар објаснија дека нема да ги покриваат трошоците за концертот туку само ќе ги финансираат промотивните активности кои градот ќе го чинат безмалку 7 илјади евра.

Кога станува збор за цените на билетите, се движат од 33 до 60 евра колку што чинат ВИП влезниците.