СДСМ: Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ кулминира бидејќи Зоки Кичеец дава исказ во ОЈО

0
141

Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа?

„Денеска кулминираше нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести од белиот дворец, панични изјави, прес конфернции. Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец“, велат од СДСМ.

„Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ? Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.

Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа?

Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата. Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има“, соопштуваат од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.