Се урива повеќекатница во Гостивар изградена на диво (VIDEO)

0
129

Се урива повеќекатница во Гостивар изградена на диво

Фирма ангажирана од Општина Гостивар со полициска асистенција започна уривање на објект повеќекатница, на ул. „Сретко Крстески“ во Гостивар.

Се работи за зграда, која е изградена без соодветните дозволи и одобренија.

Според општинските власти за тој урбан блок од градот, се очекува да има измени во деталниот урбанистички план, но инвеститорот не ги  испочитувал забраните за градба и забразно продолжил со градбата на диво.

Инвеститорот на градбата не сакаше да зборува јавно. Позади камера ни посочи дека општината постапува селективно, ја руши неговата зграда, а низ Гостивар има стотина објекти кои немаат целосни дозволи и одобренија.

Градсктие власти пак нагласуваат дека борбата со нелегалните грабди ќе продолжи и биде бескомпромисна и неселективна

Инаку урбаниот хаос и дивоградбите последниве години беа тема за политички препукувања меѓу ДУИ и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, кој беше обвинет дека подржува дивоградби кои ги градат негови роднини.

Тој пак се правдаше дека неговите роднини градат законски, и немаат никаква поврзаност со општината.