Скандал на прославата во Крушево: На Кареви не им било дозволено да положат цвеќе

0
132

Скандал утрово се случил на прославата во Крушево по повод чествувањето на Денот на Републиката- 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

На Кареви, членови на фамилијата на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, не им било дозволено да положат цвеќе пред неговиот гроб во Македониумот на Гумење во Крушево, дознава КУРИР од лица присутни на денешната прослава под мотото „Сите сме деца на Илинден“.

Според информациите до кои дојдовме, семејството Кареви е навредено и револтирано, бидејќи не им било дозволено положување на цвеќе, согласно традицијата.

Повеќе информации за скандалот наскоро./КУРИР