Име Вести Македонија Стоилковски: Додека Кики и Фрики шетаат со куфери пари, функционери на опозицијата...

Стоилковски: Додека Кики и Фрики шетаат со куфери пари, функционери на опозицијата се изложени на тортура

0
185

Повеќе од два месеци, Димитар Димовски и Дејан Митески, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, член на извршниот и член на централниот комитет, се притворени, а не знаат зошто? Службеничката во министерството на Сугаревски, Анета Јорданова е притворена, а додека други седум осомничени се дома. Бараме одговор, дали е точно дека решенијата за оние кои што се во притвор и за оние кои што се дома се 100% исти, освен во мерката притвор за тројца, а за останатите е определена поблага мерка според законот за кривична постапка, праша на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека судот наскоро ќе одлучува за трето определување притвор, трета одлука за 30 дневна мерка, а до сега се уште како обвинети тројцата не се посетени од јавен обвинител и немаат дадено исказ пред јавен обвинител.

Луѓето се уште официјално не знаат зошто се притворени. Па, колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата, за да се задоволи хирот на власта за политички прогон врз политички неистомисленици? Ова ли е отвореното судство како пупка на Зоран Заев? Ваква ли неселективна правда се спроведува? Од една страна после не цели две недели Морина, гонет со меѓународна потерница за воени злосторства беше ослободен од притвор, а луѓе без никакво дело и криминално досие, со месеци се држат во притвор.

Кики, Фрики, Шеки, Зоки Поки шетаат со куфери рекетирани пари, а функционери на опозицијата се изложени на тортура. Спротивно на конвенцијата за човекови права, се уште судот не дава наредба да му се укаже побараната медицинска помош на Димитар Димовски. Да потсетиме, судот цела недела не дава наредба за тој да се спроведе до лекар – невролог. Ова влегува во делот на тортура вршена од страна на судот. За споредба, Боки Тредичи, миленикот, пуленот на власта, посредникот на рушветот на државната мафија, веднаш беше развозуван низ скопските клиники“, истакна Стоилковски.