Страшна сообраќајка кај Порта Влае (ВИДЕО)

0
94

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва во населбата Влае, на булеварот близу комплексот згради Порта Влае, објави Пресинг.

Во несреќата учествувале четири возила, ауди караван со бугарски регистарски ознаки и мерцедес, бмв и товарно комби, сите со скопски регистарски ознаки.

Според очевидци, до несреќата дошло откако аудито се обидело да го претекне комбето од десна страна и удрило во возило кое било паркирано при што настанал вистински карамбол.

Очевидците тврдат дека возачот на аудито бил во алкохолизирана состојба.

На местото на несреќата полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато и по една лента.