Телма: Камчев собирал пари за рекетот, во СЈО мислеле се спрема да бега

0
106

Орце Камчев парите за исплата на рекетот ги подигнал како позајмица преку банка во која има сопственички удел, но пари дале и други фирми на бизнисменот, на име на неговата сопруга и друга жена исто така роднина, објави Телма.

Според телевизијата, трансакциите се регистрирани во финаниско разузнавање, а потоа како сомнителни се пријавени во СЈО. Таму била разгледана информацијата, но првин се мислело дека е подготовка за бегство на Камчев кој е соомничен во случајот „Империја“. Но мислењето на финансискиот истражител било дека овој начин на извлекување пари потсетува на исплата на рекет или изнуда и дека тоа може да се провери. Анализата е доставена до кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева, но ништо не било преземено.