4 лица го подметнале пожарот во Велес – истите се приведени

0
156

Од МВР за Курир потврдуваат дека се приведени четири лица, кои се сомничат за подметнување на пожарот кој попладнево се случи во близина на велешкото езеро.

“Во гасењето на пожарот ангажирани се 50 вработени од АРМ, еден хеликоптер на АРМ и два авиони од Дирекција за заштита и спасување. Исто така на помош се пратени и екипи од пожарните во Неготино и во Кавадарци”, наведуваат од Центарот за управување со кризи.