Албански екс министер виновен за злоупотреба на функцијата

0
155

Албанскиот Специјален кривичен суд го прогласи за виновен поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири за злоупотреба на функцијата, но го ослободи од обвинувањето дека имал врски со криминилна мрежа за шверц на големи количества марихуана. 49 годишниот Тахири е осуден на три години и четири месеци затвор, но пресудата му е заменета за условна и не ќе мора да биде затворен. Тој за тоа време не ќе може да има јавни функции. Албанија се обидува да се справи со големата корупција и шверцот со дрога со цел зачленување во ЕУ.